ШК ЛАСКЕР Охрид
ШK ЛАСКЕР Охрид часовите се одржуваат во ОУ Братство Единство ул. 7 Ноември бр 85
часови Понеделник и Четврток - од 19:20 до 20:40 часот тел 078496045 email:[email protected] Шаховска Школа Ласкер Охрид започна со работа на 03. 09. 2011год, работи како секција во склоп на Здружение на математичари Охрид, a од 05. 08. 2017г прерасна во ШАХОВСКИ КЛУБ ЛАСКЕР Охрид, Работиме во простории на ОOУ Братство Единство ул. 7 Ноември бр. 85 Охрид, влез од задната страна на училиштето од улица Бекир Алириза. Во ШК ЛАСКЕР се вклучени ученици од сите основни и средни училишта во Охрид и во неа членуваат дечиња од 5г. до 17г. Нашите членови беа изненадување на екипното Отвореното Државно првенство за млади во шах во 2013г каде ги направија првите позначајни победи.за да на Поединечното отворено првенство имаме и првак во U10 женска категорија и воедно претставник на Македонија на европското шаховско првенство во Будва 2013. На Државното првенство за млади во шах 2015г во категорија G08 Елена Лушеска освои сребрен медал, во категорија U08 Јулијан Матески освои сребрен медал, додека во категорија U10 Константин Лушески освои бронзен медал. На Државното првенство за млади во шах 2016г во категорија U8 Јован Анѓелкоски го освои златниот медал, во категорија U10 Иван Велкоски го освои бронзен медал Од 08. 11 2016г до 11.11.2016г се одржа Младински трунир ЛАСКЕР 2016г на кој учество зедоа учесници, млади шахисти до 18 години, од Македонија, Бугарија Србија, Албанија и Турција На Државното првенство за млади во шах 2017г во категорија U10 Јулиан Матески освои бронзен медал, во категорија G10 Елена Лушеска освои бронзен медал Сeкоја година од 21 јули до 26. јули во прекрасното Трпејца на манифестацијата На зајдисонце во Трпејца, во склоп на активностите на Здружението "За Трпејца со љубов", ШК Ласкер Охрид, одржува летна школа во шах за деца, момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 18 години, редовно учествуваат дечиња од Македонија како и деца гости во Трпејца од Србија, . Во моментов со групите работи Борис Лушески и Константин Лушески,. |
|