Опозицијата е клучен фактор во пешачки завршници, бидејќи во стварност претставува борба на кралевите.
Опозиција претставува позиција на кралевите во кои тие се еден наспроти друг, а бројот на полиња помеѓу нив е непарен. Пример: белиот крал е на d4, а црниот крал е на d6, двата крала се на иста линија и се раздвоени од едно поле во овој случај имаме блиска опозиција. Во случај кога белиот крал е на d1, а црниот на d7 имаме одалечена опозиција. Постои уште и дијагонална опозиција. Ќе ги погледнеме можните продолженија кога белиот е на потег: 1.e2 Kd6 2.e4 Ke6 3.e5 Ke7 4.Kd5 Kd7 5.e6+ Kd8! клучен потег, црниот не смее да дозволи да биде истеран од 8 ред и да биде промовирана кралица. 6. Ke5 (6. Kd6 Kd8 7. e7+ Ke8 8. Ke6 )6... Ke8! 7.Kf6 Kf8 влез во опозиција на 8 ред 8. e7+ Ke8 9. Ke6 пат |