АКО САКАТЕ ПАМЕТНО ДЕТЕ, НАУЧЕТЕ ГО ДА ИГРА ШАХ
Објавено на: 12.04.2012 - Majka i dete Шахот е игра богата со симболички функции, со висок степен на сложеност и цврсти правила. Постои врска помеѓу шахот и математиката, а педагозите се повеќе сметаат дека шахот треба да стане дел од образовниот процес. Се смета дека со играње шах се подобруваат перформансите на организмот и на духот на детето – интелект, карактер, морал, емоции... Оваа игра развива способности кај детето, а колку е подалеку од реалниот живот толку има поголема воспитна моќ.ЗОШТО Е КОРИСНО ДА СЕ ИГРА ШАХ?
Главен проблем е како да го одржите ентузијазмот и интересот на детето, додека тоа самото не развие вештини кои му се потребни за да почне да победува во играта. Во шахот, претходното искуство не е ограничувачко и затоа врвни достигнување се можни и кај многу млади играчи. Децата можат да почнат да играат шах веќе од 3-4 години. Еве неколку корисни совети:
|
Емануел Ласкер (Emanuel Lasker), е роден во Berlinchen, Prussia (сега Barlinek, Poland), на 24 декември 1868г во еврејско семејство, починал во New York City, United States на 11 јануари 1941г.
Емануел Ласкер е германски математичар и шахист кој по победата над првакот Вилхелм Штајниц во 1894год. станал светски шампион во шах и притоа оваа титула тој успеал да ја задржи неверојатни 27 години се до 1921 година кога Хозе Раул Капабланка го симнал од престолот светски шампион во шах, што е се уште рекорд. За време на неговата шаховска кариера тој сепак нашол време да докторира во областа на математиката на универзитетот Ерланген во 1900 год. Во шахот Ласкер бил тактичар и голем борец. Во многу од неговите игри успевал инфериорната позиција да ја претвори во своја корист. Бил непобедлив се до неговите седумдесети години, не само во играње на офанзивен шах, тука и во играње одбрамбен (пасивен) шах, иако повеќе не бил шампион, бил ценет како добар шахист и тогашните прваци се уште стравувале при играњето со него, како Хозе Раул Капабланка. Во 1911г ја измислил играта Laska чии правила може да ги погледнете на следниов линк www.lasca.org |