|
Од 10. 10 2019 до 13. 10 2019 г во хотел Филип Охрид се одржа меѓународниот IVти Младински турнир во шах “ЛАСКЕР 2019”, Во организација на Шаховски Клуб Ласкер Охрид, а со подршка на Општина Охрид, ДООЕЛ ЈАЈА ЕКСПРЕС Охрид, Хотел Белведере Охрид, Хотел Филип Охрид, RENT A CAR ESCAPE Охрид и АРС ЛАМИНА Скопје. На присутните учесници им се обрати и турнирот за отворен го прогласи советникот од Општина Охрид Мишел Силјаноски
На турнирот учествуваа 62 млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Македонија . Натпреварувачите беа во една апсолутна категорија, со рангирање по возрасни категории и тоа до: 8 години, 10 години, 12, години, 14 години, 16 години и 18 години и за прв пат се додели и во категорија девојчиња. Наградени по категории: до 8 години Презиме и Име Земја на играчот 1 награда Попзафиров Данаил Бугарија 2 награда Узунов Емил Бугарија 3 награда Алимема Алвин Албанија до 10 години Презиме и Име Земја на играчот 1 награда Иванов Андреј Македонија 2 награда Коте Алекс Албанија 3 награда Бочи Матео Албанија до 12 години Презиме и Име Земја на играчот 1 награда Златков Антон Македонија 2 награда Рамај Ергит Албанија 3 награда Давиткова Јована Македонија до 14 години Презиме и Име Земја на играчот 1 награда Станковиќ Борис Србија 2 награда Џембулла Александер Албанија 3 награда Лушески Константин Македонија до 16 години Презиме и Име Земја на играчот 1 награда Анѓелкоска Јана Македонија 2 награда Бочи Петро Албанија 3 награда Јованоски Александар Македонија до 18 години Презиме и Име Земја на играчот 1 награда Милев Дарко Македонија Најдобро девојче Презиме и Име Земја на играчот 1 награда Шугја Клеан Албанија 2 награда Исуфи Елиса Албанија 3 награда Анѓелкоска Јана Македонија Постигнатите резултати, конечната табела, може да се види на http://chess-results.com/tnr466963.aspx?lan=21&art=1&rd=7&turdet=YES&flag=30 Слики од настанот на http://chess-results.com/Fotos.aspx?lan=21&key1=9033 |